ОХРИД ТРОШИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА СОФРИ И ВИНО ДОДЕКА ГРАДОТ ИМА 22 МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГ?!

0
471

503,500 ДЕНАРИ ПОТРОШЕНИ ЗА БОГАТИ СОФРИ И ВИНО, ИАКО ОПШТИНАТА ИМА ДОЛГ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА – реагираат од Левица Охрид преку објава на Фејсбук.

Во време на голема економска криза кога обичниот граѓанин не може да ги подмири основните потреби, градоначалникот Пецаков по стапките на неговите претходници продолжува со расипничко трошење пари од граѓаните за ресторански услуги. ️Една од најзадолжените општини во Република

Македонија со вкупен долг над 22 милиони евра, Општина Охрид, во охридските хотели и ресторани има потрошено 503,500 денари од јануари до ноември 2022 година и тоа во ресторан „Амфора“ – 193.000, ресторан „Острово“ – 147.000, хотел-ресторан „Тино“ – 83.396 и хотел „Аквалина“ – 79.314 денари.

Вртоглавите цифри како доказ за зголемените апетити на локалната власт се преземени од порталот „Отворени финанси“ – open.finance.gov.mk . Најостро го осудуваме ваквиот начин на неодговорно однесување на градоначалникот и неговите блиски партиски другари.

Локалниот огранок од политичката партија Левица бара да се престане со расипничко трошење на парите од граѓаните, велат од Левица.