Филипче: Сите оздравени кои можат да донираат плазма да го сторат тоа за да спасат живот

0
1008

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил им се заблагодарува на сите оздравени пациенти од Ковид-19, кои донираа плазма за лекување на заболени.

– Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот. Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина, напиша Филипче.