СДСМ планира да се врши ревизија на предметите со политичка директива или нарачка

0
1031

Пајажина, Ровер, Кампања, Југ и поодамна познатото Бачило, лустрација на починати може да бидат дел од судските процеси за кои има пресуди, а во јавноста се сомнева во наместени политички судења. Во еден од овие предмети обвинет беше и братот на претседателот Ѓoрге Иванов за кој судот имаше поблаги санкции од останатите обвинети. Ова е дел од визијата на СДСМ која како програма и презентира пред јавноста, пренесува Телма.

Доколку СДСМ дојде на власт ќе биде направена ревизија на преметите за кои ќе се утврди дека се со политичка директива или нарачка.

Законите и сега овозможуваат завршени судски постапки да бидат повторени и преотворени доколку се дојде но нови докази. Сепак за решението како ќе се отворат постапките и кој се ќе сноси одговорност дополнително ќе се дебатира.

Постојат повеќе можности од кои наједноставно е давање ингеренции на Судскиот совет или формирање посебно тело. Одговорност ќе имаат сите освен Јавниот обвинител за кого се уште постојат дилеми дали би бил ставен во позиција да му се суди за она што му е работа односно да гони.

Кривичари за Телма велат дека рано е да дадат коментар за идеите на СДСМ бидејќи сметаат дека се политички и додека не се предложи конкретно решение не може да се почне ниту јавна дебата. Се воздржуваат од анализа бидејќи сметаат дека не може да се зборува за нешто што засега е само визија.

Визијата на СДСМ продолжува со презентирање програми за воведување контрола врз работењето на тајните служби, директорите на агенциите за разузнавање и воената безбедносна служба.

Видеото ОВДЕ