ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА ДИЛЕРИ, ПРОНАЈДЕНА ОКОЛУ 5 КИЛОГРАМИ ДРОГА

0
431

На 17.02.2023 околу 12.10 часот на граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од с.Негорци, гевгелиско и Н.И.(26) од Гевгелија.

При контрола извршена од царински службеници во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу 5 килограми марихуана. Притоа, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници. Лицата биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.