5 илјади потписи на петицијата за оставка на шилежето Хорхе кое втор мандат прави глупости од тоа вилата на Водно, потписи собрани и тоа само за еден ден

0
1463

Повеќе од 4000 граѓани досега ја потпишале онлајн петицијата за итна оставка на претедателот, Ѓорѓе Иванов. Петицијата е достапна на веб платформата change.org.

„Ние, граѓаните на Република Македонија, бараме итна оставка на Ѓорге Иванов од позицијата Претседател на РМ. Ѓорге Иванов го крши Уставот и ја турка Македонија во нестабилност и немири со спречувањето на мирен трансфер на власта. Го потсетуваме Иванов дека во САД Хилари Клинтон освои три милиони гласови повеќе од Доналд Трамп, меѓутоа тој освои повеќе претставници во “electoral college”, телото кое го изгласува претседателот. Замислете што ќе се случеше доколу Претседателот Обама не дозволеше мирен трансфер на власта! Сметаме дека со оставката на Иванов ќе се овозможи мирен трансфер на власта и ќе се смири меѓуетничката тензија која Иванов ја подгрева со неговото недржавничко и неуставно однесување. Новиот Претседател на Собранието би бил вршител на должност Претседател на РМ и ќе го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство“, стои во текстот на петицијата.