РУБЉА БУШИ ГДЕ БУРГИЈА НЕЧЕ – ПСИХОПАТОЛОШКО СООПШТЕНИЕ НА ЈАНКО БАЧЕВ И ,,ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА” : ПОРАДИ ТОА ШТО СДСМ МЕ ПРИСЛУШКУВААТ ЌЕ МУ ПИШАМ НА МАКРОН, А КОГА ЌЕ СТАНАМ ПРЕМИЕР КОГА ЌЕ ВИКНЕ ПУТКА КУКУ ЌЕ ЈА ИСТЕРАМ ДО КРАЈ РАБОТАТА, АКО ТРЕБА И ДО КРЕМЉ И НАЗАД!

0
663

Во врска со актуелната постапка за сослушувањето на новите амбасадори во собраниската комисија за надворешна политика, Единствена Македонија ги предупредува надлежните добро да размислат за предлогот директорт на АНБ Виктор Димовски да биде нов амбасадор во Франција.

Да потсетиме, од 2018 кога Единствена Македонија заедно со уште 83 македонски здруженија од земјата и странство се здружија во Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ и водеше битка за референдумот и против промена на уставот и името, од страна на АНБ се преземени спрема претседателот Бачев три оперативно-технички средства: тајна контрола на телефон, тајно аудио и визуелно снимање и тајно следење. Единствена Македонија дојде до досието „Атлантик“ од кое се гледа незаконското следење и прислушување.

На 3 јуни годинава е поднесено барање во смисла на член 51 од Законот за АНБ, за добивање на известување дали против претседателот Бачев се собирани тајни податоци. Согласно законот, директорот на АНБ има рок од 30 дена да одговори на барањето, но до денешен ден – молчи.

Затоа, сега ќе следи жалба до второстепениот орган поради молчење на администрацијата и барање до францускиот претседател Макрон за одбивање на барањето за агреман за директорот на македонската тајна полиција да биде амбасадор во Париз.

Ветуваме дека докрај ќе ја истераме оваа работа. Меѓутоа, жално и срамно, Службата се уште работи како во поранешните времиња, не враќа во темното минато кога се следени и прислушкувани политичките неистомисленици заради свои политички уверувања.