ДУИ ПОЛИТИЧКИ ЌЕ СЕ МОДЕРНИЗИРА, ЗАЕВ: НЕ СМЕ СЕ ДОГОВАРАЛЕ ЗА КАНДИДАТ АЛБАНЕЦ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

0
134

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција рече дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје.

“Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер” – рече Заев.

Албанските медиуми претходно пишуваа дека поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селмани би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје.

Селмани, според информациите со кои располагаат некои медиуми, бил најприфатлив за сите партии од власта.