МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: НЕМА ПОВЕЌЕ УЧЕБНИЦИ СО ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ И ЗАСТАРЕНА СОДРЖИНА

0
113

“Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат застарена и несоодветна содржина, многу технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација, стануваат минато. Од идната учебна година започнува етапната замена на материјалите за учење од кои се едуцираат нашите ученици” – соопшти Министерството за образование и наука. По усвојувањето на новата Концепција за основно образование и изработката на новите наставни програми, се воведува и современа дидактика со која значително ќе се подобри квалитетот на воспитно – образовниот процес и наставата.

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата усвои целосно нов Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со кој се менува начинот на изработка и одобрување на материјалите за учење, се елиминираат грешките од сите аспекти, а воедно фокусот е ставен и на дигитализацијата, односно на обезбедување на други форми на достапност, покрај хартиената верзија на учебниците.