Сугарески : СДСМ поднесува предлог закон за дополнување на Законот за помилување

0
956

Пратеничката група на СДСМ денеска ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување, соопшти координаторот Горан Сугарески.

Со овој предлог Законот, како што рече, би се пополнила правната празнина создадена по одлуката на Уставниот суд.

Тој одлуката на Уставниот суд со кој се укинаа измените на овој закон ја нарече срамна која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела како што се: терористи, педофили, наркодилери, фалсификатори на избори, криминалци од врвот на власта.

– Предвидуваме правила кои ќе ги обесхрабри терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела. Исто така оневозможуваме едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела.

Воедно, злосторничкото здружение од врвот на ВМРО-ДПМНЕ мора да одговара и ќе одговара.

Се надевам дека колегите од ВРМО-ДПМНЕ и ДУИ ќе го поддржат законот. Секоја спротивна одлука е нивно директно признавање на криминалите на власта, рече Сугарески.