РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА КРАТОВО : ДА ЈА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКАТА А СО ТОА И МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

0
422

Ни останува уште една државничка задача, заедно да ја внесеме Македонија во Европа, да ја обезбедиме европската а со тоа и македонската иднина, затоа што влезот во Европа значи затворање и на државните и на идентитетските прашања, порача во Кратово денеска генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, во рамки на интензивните теренски активности, рамо до рамо со граѓаните.

-Мора да бидеме свесни, да го препознаеме овој геостратешки момент, да останеме на масата со големите демократски сили и да се избориме за европска иднина. Затоа што тоа ќе значи обезбедување и на македонската иднина. Влезот во Европа значи еднаш-засекогаш, за век и навек, затворање и на државните стратешки прашања и на македонските идентитетски прашања. Тоа е нашиот спас, рече Зечевиќ.

Генералниот секретар додаде дека СДСМ го предводи концептот за Европска Македонија но дека е неопходна мобилизација на целото македонско општество за нова македонска победа.

-СДСМ е државничка партија којашто секогаш била на вистинската страна на современата македонска државност. И денеска, соочени со предизвиците на новото време, СДСМ го предводи европскиот концепт. Ние сме подготвени и ќе направиме сè за нов државен успех. Но, неопходна е мобилизација на целото македонско општество, потребен ни е гласот за Европа за европска иднина, за европска Македонија. Затоа сме рамо до рамо со народот, тоа е новата победа. Никој не изгубил ништо во Европа, само добил, подобар животен стандард, подобри институции, средена држава и обезбеден идентитет, вграден во европскиот, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски на маалска средба со граѓаните на Кратово.