РАМО ДО РАМО ВО РАНКОВЦЕ И СТАРО НАГОРИЧАНЕ : 600 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПРОЕКТОТ ЗА КОРИДОРИТЕ ЌЕ ЗАВРШАТ КАЈ ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ

0
374

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ попладнево беше во Североисточниот регион.

Благој Бочварски и Пламенка Бојчева беа меѓу граѓаните на општина Ранковце, каде со граѓаните разговараа за повеќе актуелни теми.

– Во изминативе години покажавме дека инвестираме подеднакво во сите региони, во сите населени места. Овде во Североистокот на државата инвестиравме во патната инфраструктурата и во железничкото поврзување. Пред нас е историски рекордна инвестиција во инфраструктура преку изградба на делниците од коридорот 8 и коридорот 10Д. Новиот пристап на градба на овие делници од страна на реномираната американска компанија, ќе овозможи побрзо завршување на градежните зафати, за веќе да не ни се повтори катастрофата што се случуваше на изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра, а од нив најмалку 600 милиони ќе завршат кај домашните компании, порача Бочварски од Ранковце.

Во општина Старо Нагоричане беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои порачаа дека додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните и ги задолжуваат општините, градоначалниците од СДСМ работат за граѓаните и за развој на општините, потенцирајќи дека токму градоначалничката на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска е пример за посветена и одговорна работа.