ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ!!!

0
2185

Денес, 13.06.2017, во пресцентарот на клубот на новинари, Здруженијата Зелена лупа од Скопје и Јустиција од Куманово, одржаа пресконференција – почеток на проект: ДА ЈА ВРАТИМЕ ДОВЕРБАТА ВО СУДОВИТЕ- ПРАВДА ЗА СЕКОГО.

Screenshot_21

За време на настанот, освен претставници на двете здруженија присуствуваа и земаа збор претседателот на Советот за утврдување на факти Сашо Поцевски, како и поранешните судија и обвинител Бранко Секуловски и Ѓорги Настевски.

На настанот присуствуваа и поранешнит директор на УБК Слободан Богоевски, новинарот Томислав Кежаровски, судијата Илија Танев, докторот Дејан Ставрич, претставници од случаите Шпион, Детонатор, Монструм, Ликвидација, Аполон, Музеи, Отпад, поранешните директори на Охис и Славија Јорго Ќука и Киро Кочовски, како и претставници на неправедно осудени лица од многу други случаи.

Screenshot_22

На пресконференцијата, присутните беа информирани дека започнува проект за промоција на советот за утврдување на факти, и присутните беа охрабрени да започнат со поднесување на иницијативи до советот.

По воведното обраќање, се разви сериозна дискусија, на која што сите присутни едногласно констатираа дека во изминатите години се направени сериозни неправди, и дека советот за утврдување ќе има полни раце со работа.

Слободан Богоевски потенцираше дека изборот на советот е против уставен затоа што судиите не можат да ги избираат оние кои што треба да ја оценуваат и да носат одлуки за нивната работа.

Драган Томовски поентираше дека процентот на ефикасност на советот е поразително слаб бидејки од 1000 иницијативи советот постапил по само 3, а Поцевски реплицираше дека уште 14 други предмети се во фаза на разгледување и во постапка.

Поранешниот судија Илија Танев му предочи на поцевски дека мораат да работат многу повеќе и поефикасно за да го оправавдаат своето постоење.

На крај Цветанов заклучи дека со почетокот на проектот е дадена можност на сите обесправени да се обратат до канцелариите во Скопје и Куманово, или пак сами да поднесат иницијатива до Советот за утврдување на факти, но дека е потребно време и многу труд да се исправат нанесените неправди кои биле правени цели 10 години.