Разочарана членка на ВМРО ДПМНЕ со писмо до претседателот на комисија за труд и социјала -Проф.Лазар Јовевски на ВМРО ДПМНЕ: ПРЕТАНЕТЕ ДА СЕ ЗАКАНУВАТЕ!

0
1009
ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ЗАКАНУВАТЕ 
(објавата е јавна,за да не мора да инволвирате мои пријатели во оваа преписка)
 Писмо до Претседател на комисија за труд и социјала -Проф.Лазар Јовевски на ВМРО ДПМНЕ !!
(Во прилог скринпринт )
Види ваму Профа , после аберот што ми го пушти на телеграм преку членка на КТСП , се думав дали да ти одговорам. Прво се мислев дали да ти се јавам на телефон но бидејки ти не ме испочитува лично да ми кажеш , јас пак решив на овој начин (нели сите имаме свој начин , та не сме сите “вивнати во облаците“).Нема да ти персирам затоа што ценам дека не заслужуваш таков третман од мене. Ајде со ред !!
Денес на соц.мрежа “Телеграм“ добив абер ( подолу има скринпринт од истиот) -ама таква сум што а прааам, татко ми како стар член на ВМРО ДПМНЕ , ветеран , ме научил никому да не молчам кога некој пробува да ме навреди. Вака сега Профа , прво дојдов до еден заклучок дека ЈАС СУМ ПОГОЛЕМ МАЖ И ОД ТЕБЕ, да беше поинаку немаше да шпионираш од профилот на твојата сопруга , немаше да ми пракаш абер по пријателка (АМАН НЕМОЈ ДА СЕ КРИЕШ ПОД СУКЊА) немаше копи паст да Ти пракаат кога Те критикувам тебе и раководството ( а со право критикувам бидејки знам дека ја зборам вистината) Нејсе, јас израснав во ВМРО ДПМНЕ , значи јас коа сум раснела со таа партија ,ти профа си играл џамлии или си читал романчиња.Имам многу да пишувам за тебе но ај само еден дел.
Биднав член на КТСП, така ? ахх, Профа , Профа нема да ја заборавам првата седница на КТСП, кога се претставивте на членовите со зборовите ““ЈАС СУМ ОВДЕ НАД ПАРТИСКИ““-многу добро знаеш кој ти реагираше(дека во партијата дури и Мицкоски не е над партиски) , од преголема почит нема да го спомнам името , бидејки е ВМРОВЕЦ ..Биднав член на КТСП и си дадов оставка на 12.април оваа година ( тоа можат да го потврдат и останатите членови на комисијата кои ги имам тука на ФБ во пријатели , и не ги бришам некои од нив, токму за да ви пренесат а останатите премногу ги почитувам бидејки пред се ми се брака и сестри , по вера, националаност , идеологија, кауза по МАКЕДОНИЈА .Вака кога ке Се потсетам во време кога Министер на МТСП беше Г-га Мила Царовска и кога трпеше небројни и бројни критики од мене ,( ах,да погледни ја и снимката од јавната расправа во Собранието на Р.Македонија кога водевме битка со законодавецот по повод ЗТСП – па таа жена била поголем маж и од тебе бе,се носеше со секоја критика ,и истата Мила Царовска што те меле ко машина на ТВ, НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ не ми се заканила, дека ““ке ме има во предвид“ како што
Ти што ми го пушти аберот.
За волја на вистината , па Мила Царовска, токму тебе на ТВ Дуел буквално те стави во “шише“ – не си и дораснат, МОРА ДА СИ ПРИЗНАЕШ. Ти Лазе,наиде на критики од искрени вмровци за ТВ дуелот со Мила, па поради тоа на следната седница пред нас членовите на КТСП се правдаше час и половина( искрено сите се осекавме како да сме на час) , некои ти климаа со глава од типот ‘“браво Профа, одличен беше,супер Профа “  а реалноста беше друга( постои и видео запис на ТВ Телма од вашиот дуел со Царовска) .Ти кажав и тогаш , членството си сака дуели од типот на Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Филип Петровски –фајтери !!! А Ти така еднодушно кажа дека време е да сме биле покултурни, извини, а кога вмровците не биле културни ? Одиме понатака Лазе, се секаваш ли кога ХИТНО НА СОСТАНОК ме викна во белата палата, во канцеларијата на Игор Божиновски, кога ме критикуваше дека не било христијански да живеам во вонбрачна заедница ( јас сум модерна жена бе човек ) ај нема врска тоа, си лупнав јас гориво на мој трошок да се стегнам од Кр.Паланка до Скопје ( као корисник на соц.помош) ..Понатака Профа, се секаваш коа ни го црташе езерото , те цитирам“Вие ВМРО-вците сте како езеро , премногу затворени, е сеа во езерото треба да влева река неможам да се изнасмеам,..Па ние едвај за овие 3-4 години ти реков го исчистивме езерото , река се влева и носи секаков смет-го загадува езерото, или опција, да се стави филтер пред влевањето во езерото“,,АМА ЕДНО НЕМОЖАМ НИКАКО ДА ТИ ПРОСТАМ , ПА СЕ ПОЧУДИВ НА НЕКОИ ЧЛЕНОВИ ШТО ТЕ ПОДРЖАА, КОГА КАЖА ““МОРА ДА ИЗНАЈДЕМЕ НАЧИН ДА СЕ ДОБЛИЖИМЕ ДО ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА ( тука оставам простор членството што ова го чита да пресуди каде тргна вмро дпмне .Профа е сега , знам ке коментираш ,дека ова е од револт, дека не ме стаивте на листа за пратеник ..Види и тоа држи до некаде, но ти донесов на состанок 35 НВО организации на лица со попреченост и ЛИЧНО ТИ ИМ ВЕТИ кога Те прашаа дали ке имаме наш претставник за лицата со попречност,Ти им одговори ДА !! А НЕЛИ НЕ Е ВО РЕД ДА СЕ ЛАЖЕ , ПО Богу ПА НЕ Е ХРИСТИЈАНСКИ, НЕЛИ ?
Имам уште многу да Ти пишувам ,НО прво КАЖИ МИ КАКО ДА ГО СВАТАМ ОНОЈ ДЕЛ ДЕКА “МЕ ИМАТЕ ВО ПРЕДВИД “ …Како индиректна закана ?
Ај да скратам , само едно ке кажам на крај НЕ ЛЕТАЈ МНОГУ ВИСОКО, ЗАТОА ШТО НА ОНИЕ ШТО ЖИВЕАТ НА ЗЕМЈА ИМ ИЗГЛЕДАШ СЕ ПОМАЛ И ПРВО НАУЧИ ДА ЧЕКОРИШ ПОКРАЈ ВМРО-ците , БИДЕЈКИ ГЛЕДАМ ДЕКА СИ ДОСТА АМБИЦИОЗЕН ЗА ФУНКЦИИ, ама јас како што се секавам , во ВМРО ДПМНЕ почетниците порано прво лепеа плакати едно 10-ина години па после ги ставаа на функции
ТИ ЛЕПЕШЕ ПЛАКАТИ ЗА ВМРО ДПМНЕ ?
И немој да се оптертуваш со мене, Бранкица , Македонија има поголеми проблеми но и ВМРО ДПМНЕ за да го губиш времето со мене
 ах, да ..ако може јас и ти на едно ТВ Дуелче (бирај ТВ по твој избор),да не се препукуваме тука на Фб , може м ? ?
Фејсбук статус на Бранкица Димитровска , поранешен член на КТСП ВМРО ДПМНЕ.