ГРУЕВЦИ ГИ УКРАДОА И ПАРИТЕ ОД ПРУГАТА ДО ГРЦИЈА, ЗНАЧИ ОВА СЕ НЕВИДЕНИ АПАШИ, ПЉАЧКАТА НА МАКЕДОНИЈА ШТО И СЕ СЛУЧИ ПОД ОТОМАНЦИТЕ Е ГОЛА ВОДА ЗА ОВИЕ!!!

0
1654

Шините од единствениот километар пруга што од Битола се изгради кон Грција на делови фаќаат корозија, а низ нив не ни помина воз. Трасата за останатите 16 километри железничка пруга која не се изгради, полна е со бари и кал. На терен нема работници, туку само расфрлен и неискористен чакал. Битолчаните кои ги затекнавме како минуваат низ старата индустриска зона до каде што стигнаа шините велат дека една година не виделе работници на терен, пишува СДК.

pruga-bt-3-1600x9001-768x432

„Има булки, но ги нема шините. Тука чекан не заиграл од летото лани“, велат битолчани.

За два месеца ќе се наврши една година откако запреа градежните работи на железничката пруга од Битола за Кременица и грчка граница. Еден од главните предизборни проекти на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, железничко поврзување со соседна Грција, заврши неславно. Пругата требаше да биде готова до 30 јули минатата година и еден крак да минува низ индустриската зона „Жабени“ за да носи производи и суровини кон Грција. Од 17 предвидени километри, се изгради само еден.

 Пратеникот и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој деновиве врши увиди насекаде да се слика пред проекти додека биле на власт,  ја посети и Битола, но не отиде да врши увид на пругата иако истата власт вети дека ќе ја изгради и ја пишуваше во сите изборни програми.

Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ на минатите парламентарни и локални избори најскапо ги чинеше работниците кои беа ангажирани на градбата на пругата. Конзорциумот предводен од бугарски компании на домашните фирми подизведувачи им остана должен за над еден милион евра. Околу 120 работници не зедоа поголем дел од  платите за минатата година. Иако останаа со празни џебови за сработеното, сепак за проблемот зборуваат неофицијално, не сакајќи нивните имиња и презимиња да се спомнуваат во јавноста.

„Дел од фирмите тужевме  во домашните судови,  а некои поднесоа тужби и во Бугарија. Кај нас се одржа едно рочиште и на него не се појави никој од конзорциумот“, велат дел од работниците.