Разочараност во штабот на ДПМНЕ Кр.Паланка : Митовска е отпишана а Андоноски е на недобитно место

0
1227

Плач и лелек во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка. Од внатрепартиски извори дознаваме дека, вечерта кога се одлучувало за редоследот на кандидати за третата изборна единица, фрчеле телефони но и закани.

Најпрвин, истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка на фејсбук објави дека во Изборна Единица 3, од Крива Паланка, ќе бидат предложени дури двајца кандидати, актуелната пратеничка Слаѓана Митовска и претседателот на Општинскиот комитет, Анри Андоноски.

По кратко време, тој статус беше тргнат, затоа што Централниот комитет на партијата ја изгласа листата на која ја нема Митовска а кандидатот Анри Андоноски епоставен дури на 14-то место, кое значи само пополнување на листата, без никакви реални шанси да стане пратеник.

Откако првично беше објавено дека покрај Андоноски на листата ќе се најде и Слаѓана Митовска и тоа на добитно 3-то место, веднаш почнало да врие во партијата. Иако Мицкоски најави дека на листите ќе се најдат нови кадри, Митовска преку нејзини блиски досегашни пратеници излобирала, повторно, по трет пат да биде предложена за кандидат за пратеник. Но другото, разочарано крило, ги извадило сите “црнила” за Митовска, почнувајки од непотизмот па се до приватни и интимни работи. Што се правела таа во собранискиот ресторан и на едно друго место.

Поради меѓусебното кодошење, на крај е донесена одлука, од која и двете фракции во оваа партија од Крива Паланка се поразени. Митовска е тргнета од листата а Андоноски е поставен на недобитна позиција. После ваквиот сплет на околности, во Општинскиот комитет, владее штама, нема никаква активност. Во штабот последните два дена влегуваат само Андоноски со уште двајца негови блиски соработници, дезориентирани без никаква идеја како понатаму. Како да се објасни на членството дека централата ја отпишала оваа општина, вели нашиот извор. На таен состанок во Крива Паланка било договорено, проблемите кои излегоа на површина со кандидатите за пратеници да ги решаваат после 12 Април, а до тогаш да демонстрираат наводно единство и желба за победа, иако им е јасно дека во оваа општина шансите за победа им се еднакви на нула.