ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БИТОЛА ЌЕ ОРГАНИЗИРА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

0
1266

Црвениот крст на Република Македонија на 21 и 22 септември 2019 година во Битола го организира 28-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош.

Оваа година Државниот натпревар по прва помош ќе се одржи под мотото “ Твоето незнаење чини живот”.

„На државниот натпревар по прва помош ќе земат учество 28 екипи, каде натпреварот ќе се одвива во две траектории, на секоја ќе настапат по 14 екипи, ќе се работи на 7 работни места од кои 4 работни места ќе бидат од првата помош на кои ќе бидат опфатени 12 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување, две работни места ќе бидат со забавно рекреативен карактер и на едно работно место ќе има тематика за познавање од областа на дисиминација.“ – велат од Црвен крст на Македонија.

Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош е предвидено на 21 септември 2019 година (сабота) во 11:30 часот кај градскиот парк – Битола и натпреварот ќе се одвива од 11:00 – 17:30 часот, а прогласување на победници ќе биде на 22 септември 2019 ( недела) во плоштад Магнолија – Битола.