ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ СО РАСПИШАНА ЦЕНТРАЛНА ПОТЕРНИЦА ПОРАДИ ТРГОВИЈА СО ДРОГА

0
631

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 22.30 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода С.И. (30) од Скопје.

Како што соопшти МВР, за него била издадена централна потерница со која се барал за издржување изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, превидено и казниво по чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката.