Итра девојка: После ова што му го изгравирала на бурмата, нема шанси да ја изневери

0
1210
Таа смислила многу интересен и симпатичен начин за да го спречи нејзиниот сопруг некогаш да заведува други жени.

Аманда и Даниел се венчале пред неколку години, а кога одбирале венчални прстени, таа имала посебна желба. Тој купил скапа бурма опточена со дијаманти, а таа од златарот побарала да изгравира една посебна порака во внатрешноста од прстенот.

„Врати ја назад“, е напишано на прстенот.

Кога Даниел ја видел пораката бил изненаден. Нејзината порака навистина му се допаднала.

„Во суштина, тоа е Аманда. Ние имаме многу забавен и духовит однос“, изјавил Даниел за „BuzzFeed”.

„Поради тоа, нашиот брак е посебен. Често слушаме од нашите пријатели дека би сакале еден ден да имаат брак како што е нашиот. Јас сум горд поради тоа и мислам дека тоа е најголемиот комплимент кој може да го добие еден млад брачен пар“, истакнал тој.

HDQ2tjgl

Порано оваа недела, речиси после пет години од нивното запловување во брачните води, еден од неговите пријатели објавил фотографија од пораката во бурмата на Imgur и Redit.