ТРАМП Е ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА ОД ДЕМОКРАТИТЕ КОИ ГО ДОБИЈАА КОНГРЕСОТ, НО ТРАМП ЈА ДОБИ БИТКАТА ЗА СЕНАТОТ!

0
1325

Демократската партија на вчерашните конгресни избори во САД освои мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, додека републиканците успеаја да ја задржат и многу можно и да ја зголемат контролата врз Сенатот.

Според резултатите од избраните 412 од вкупно 435 членови на Претставничкиот дом, демократите освоија 219 конгресмени или еден повеќе од неопходните 218 за мнозинство, а републиканците 193.

Во Сенатот, пак, со досега избраните 31 од 35-те сенатори што одеа на реизбор, републиканците веќе освоија 51 место, колку што е неопходно за сенатско мнозинство. Демократите загубија три од местата што досега ги држеа и тоа во Индијана, Мисури и Северна Дакота и во мометов имаат обезбедно 45 сенатори, меѓу кои се и двајца независни кандидати.

Меѓу сенаторите што ги задржаа своите места се независниот кандидат од таборот на демократите Берни Сандерс во Вермонт, демократотскиот потпретседателски кандидат на изборите во 2016 година Тим Кејн во Вирџинија, како и републиканецо Тед Круз во Тексас.

Конечниот состав на Сенатот нема да биде познат по вчерашното гласање, бидејќи во Мисисипи ниту еден од кандидатите не освои над 50 проценти од гласовите, па ќе се одржат нови избори кон крајот на ноември. Републиканскиот кандидат, кој е и актуелен сенатор, има предност пред демократскиот противкандидат од еден процентен поен.

За преостанатите три места кои треба да се пополнат на овие избори, гласовите се уште не се целсоно преброени. Во трите дуели – во Аризона, Монтана и Флорида во мало водство се републиканските кандидати, со што е можно во иднина во Сенатот да има најмалку 54 републиканци

Во својата прва оценка на изборните резултати, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека тие претставуваат „огромен успех“.

– Огромен успех оваа вечер. Ви благодарам на сите, напиша Трамп на Твитер, кој во текот на иампањата активно агитираше во прилот на републиканските кандидат, во обид републиканците да ја задржат контролата барем над еден од двата дома на Конгресот.

Што се однесува пак до изборите за гувернерите на 36 од 50-те американски сојузни држави, републиканците успеаја да освојат 19 места, вклучително и оние во Флорида и Охајо, кои важеа за едни од најнеизвесните изборни трки. Покрај во овие две држави, републиканските кандидати за гувернери победија и во Ајдахо, Ајова, Алабама, Алјаска, Аризона, Арканзас, Вајоминг, Вермонт, Мериленд, Јужна Дакота, Јужна Каролина, Масачусетс, Небраска, Њу Хемпшир, Оклахома, Тенеси и Тексас.

Демократите пак успеаја да победат на изборите за гувернер во 15 држави – Висконсин, Калифорнија, Колорадо, Илиноис, Канзас, Мејн, Минесота, Мичиген, Невада, Ново Мексико, Њујорк, Орегон, Пенсилванија, Роуд Ајсланд и Хаваи.

Во Џорџија според целосните неофицијални резултатите републикнецот Брајн Кемп има предност од речиси два проценти пред демократката Стејси Абрамс, но победникот на овие избори се уште не е прогласен поради проблемите со дефекти на гласачките машини во неколку гласачки места.

Во Конектикат, по преброени 91,5 отсто гласови, демократот Нед Лемонт има предност од само 0,7 проценти поени пред републиканскиот кандидат Боб Стефановски.

Изборите беа одбележани со голема излезеност и долги редови пред гласачките места, што според аналитичарите, се должи на оценките дека ова гласање претставува референдум за политиката на Трамп.

Американските медиуми наведуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата.

Така, во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.

Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. Станува збор за Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои победија во своите изборни единици во Минесота, односно Мичиген.

Дваест и деветгодишната демократката Александрија Оказио-Кортез со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД. Оказио-Кортез, кој себеси се нарекува „демократ-социјалист“ е близок соработник на сенаторот Берни Сандерс, кој беше главен противкандидат во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2016 година.

Досега рекордот на најмладата жена членка на Претставничкиот дом го држеше Елиз Стефаник, која стана конгресменка на возраст од 30 години.

Во новиот Претставничкиот дом има уште една жена, која го урна рекордот на Стефаник. Станува збор за Еби Финкенауер, демократка од Ајова, која е 10 месеци постара од Оказио-Кортез.

Во идниот состав на двата дома на Конгресот ќе седат вкупно 112 жени од кои 95 демократки и 17 републиканки, со што е поставен нов рекорд. Досегашниот рекорден број жени во Конгресот изнесуваше 84.

Од вкупниот број жени во Конгресот, 10 се членки на Сенатот, а 93 на Претставничкиот дом.

Анектите на јавното мислење покажуваат дека победата на демократите во Претставничкиот дом се должи на поддршката од жените, младите луѓе и Латиноамериканците. За демократските кандидати гласале 55 проценти од жените и 62 отсто од младите на возраст од 18 до 34 години.

Аналитичарите оценуваат дека главна карактеристика на овие избори беше досега невидената поделба во американското општество, во чиј центар се најде претседателот Трамп.