ПРЕТРЕС ВО СТРУМИЦА, ПРОНАЈДЕН ОПИУМ, ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

0
324

Денеска (21.03.2023) во 08.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен опиум.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.