ФИЛИПЧЕ: ЌЕ СТИГНУВААТ РЕДОВНИ ПРАТКИ ФАЈЗЕР СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК, А ПО ВЕЛИГДЕН ЌЕ ПОЧНЕМЕ ВАКЦИНАЦИЈА И СО КИНЕСКИ ВАКЦИНИ

0
747

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на Фајзер следниот месец. Министерот Венко Филипче најави дека како ќе стигнуваат вакцините, така ќе бидат распоредувани по пунктовите.

“Добивме листа од Фајзер со која ни беше презентиран распоред за стигнување на вакцините во мај. Секој понеделник ќе стигнуваат 5000-7000 илјади дози од вакцината. Предвидено е да стигнат 26 илјади вакцини во цел месец” – рече министерот Филипче.

Здравствените власти се подготвуваат за првата позначајна количина вакцини најавена за 28 април. Се очекуваат 200.000 дози од кинеската на Синофарм.

“Спремен е планот за дистрибуција на вакцините, веднаш по пристигнувањето. Ги очекуваме на 28 април, а вакцинацијата со нив ќе почне во вторник, по Велигден. За кинеската вакцина ќе бидат спремни училишните и спортски сали. Во Охрид е веќе спремна, а до вторник ќе бидат спремни и салите во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово” – рече министерот Филипче.