ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИ СЕПАК ВО ПРИТВОР ВО ШУТКА

0
624

Генералниот секратар на владата, Мухамед Зеќири кој поднесе оставка откако за него беше отворена истрага оди во притвор.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и му одреди 30-дневен притвор на Зеќири.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело
Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопшти вечерва судот.

Притвор им е одреден и на другите двајца хрватски државјани кои се недостапни за полицијата.

Обвинителството денеска информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна проневера на 145.000 евра.

Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги.