ЈОВАНОСКИ : ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ТЕЧАТ НЕПРЕКИНАТО, ГРАДИНКАТА ЌЕ БИДЕ СО КАПАЦИТЕТ ОД 5.030 м2 СО КАПАЦИТЕТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА 252 ДЕЦА

0
1434

Континуирано течат градежните активности за изградба на новата детска градинка во населбата „Точила“.

Градинката ќе се простира на површина од 5.030 м2 и ќе има капацитет за згрижување на 252 деца, со што трајно се решава проблемот за згрижување на деца од претшколска возраст на територијата на општина Прилеп.

Новоизградениот објект ќе има приземје и кат, партерно ќе биде уреден и функционално поделен, со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли.

Градинката, која ќе биде ставена во функција до крајот на оваа година, ќе биде една од најубавите во нашата држава: ќе има централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.