(ВИДЕО) Дебата на СДСМ: Праведни даноци, наместо заштита на богатите

0
1104

12079490_1024110580953627_4956022924326846247_n-685x320

Денешната централна дебата во Скопје на тема Праведни даноци наместо заштита на богатите, предизвика плодна расправа за последиците од рамните даноци врз грбот на граѓаните и размена на мислења за праведните даноци што ги предлага СДСМ во рамки на проектот Визијата за Македонија.

Оваа мерка наиде на одобрување кај граѓаните и експертската фела. Во дебатата со свои размислувања и сугестии учествуваа професори, претставници на невладиниот сектор со познавања во областа, граѓани. Сите мислења и предлози се внимателно забележани и ќе бидат земени предвид при заокружувањето на Програмата.