ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ЛИШЕН ОД СЛОБОДА КРАДЕЦ ВО СКОПЈЕ

0
425
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога    На 15.11.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Д.(21) и Д.Р.(27), двајцата од Прилеп. При претрес во домот и други помошни простории на Д.Д., извршен со судска наредба, бил затекнат Д.Р. и кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода крадец во Скопје На 15.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го  лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје. Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми. Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.