(ВИДЕО) Пендаровски : Ќе бидам Претседател кој обединува, се обврзувам во заштита на интересите на граѓаните, а не како досега на партијата

0
1264

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Прилеп, 13.03.2019

Почитувани медиуми,

Претседателот на државата треба да обединува не да дели.

За жал во последно време сме сведоци дека господинот Иванов чији втор мандат беше добиен на нелегитимен начин продолжува да ја злоупотребува таа функција и упорно сите закони кои се носат во Парламентот, а се од интерес на сите граѓани ги праќа под старото Уставно име и со тоа оневозможува тие да влезат во сила и од тоа да видат ефект сите граѓани на Република Северна Македонија.

Наместо да ја дели нацијата, граѓаните, претседателот треба да обединува тоа е негова прва и последна задача.

Ве уверувам дека ако ја добијам довербата од граѓаните на нашата држава дека јас ќе бидат првиот кој ќе застане во заштита на граѓанските интереси, не на интересите на некоја тесно партиска група, или политичка елита.

За жал во изминативе 10 години ние не видовме човек на таа позција кој знае да работи во интерес на граѓаните, затоа што исклучиво ги следеше интересите на партијата која го постави на таа позција или попрецизно на фамилијата која стоеше зад таа партија.

Време е во оваа земја интересите на граѓаните да бидат на прво место, а интересите на тесно партиските центри на моќ да бидат оставени настрана.