ЕВЕ ОД КАДЕ СЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ: МИЦКО ЗЕМАЛ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ХОНОРАР ОД ВЛАДАТА ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ БИЛО НА ВЛАСТ!!!

0
1510

1,2 милиони денари е износот кој му бил исплатен на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за неговиот ангажман како советник во кабинетите на тогашните премиери Никола Груевски и Емил Димитриев, објави Телма. Според документите со кои тие располагаат, Мицкоски бил ангажиран во периодот од април 2015 година до октомври 2016 година.
Во тој период, освен за два месеци, месечниот надомест кој му бил исплаќан е 68.363 денари или 1.100 евра.

Мицскоски во изјава за Телма потврди дека за дел од периодот ангажиран како советник на  премиерите Груевски и Димитриев му бил исплаќан хонорар а дел бил про боно. Тој не го навел податокот дека добивал хонорар бидејќи досега никој не го прашал за тоа.

На ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев, Мицкоски кажа дека работел про боно и дека службите на Владата не можеле да ја најдат сумата бидејќи таа не постоела.

Телевизија Телма и Топ Тема на Ваша страна сеуште ги очекува одговорите од Владата околу поставените прашања повразни со тимот соработници и советници на премиерот Заев чиј законски рок истекува оваа недела.