ШЕФОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА КИТАНОВ ЗА МАКТЕЛ : Владо Мисајловски – Кендо се плаши да излезе на тв дуел со мене затоа што ја знае вистината, 780 километри регионални и магистрални патишта се рехабилитирани и реставрирани, во моментов се градат 500 километри автопати, експресни и регионални патишта

0
1328

Мактел: Господине Китанов, овие денови излегоа челниците на владата и на СДСМ со разни бројки кои делуваат толку величенствено што првата реакција на обичниот граѓанин е дека можеби е сето тоа лага…

Китанов: Јас сум секој ден во медиумите на сите градилишта, ако сакате дојдете со мене да ги снимиме сите тие патишта ако и вие не верувате. Владо Мисајловски – Кендо, човекот кој беше главен за патишта во времето на Грујо совршено добро ја знае оваа тематика и затоа бега од тв дуели со мене иако го канам веќе со месеци, знае човекот дека се што зборам е вистина, вака ДПМНЕ игра тактика излажи и бегај и човек не може да одговори на сите нивни лаги… Владо Мисајловски бега од дуел со мене и затоа што тој има направено серија на грешки кои скапо не чинеа, лошо проектирани траси, проблем со патарините, 12 далноводи на сред пат Миладиновци – Штип, лоши косини кои и ден денеска прават свлечишта на таа делница па моравме да посадиме 600 000 багреми за да ги држат тие косини со своите длабоки корења… А пак за трасата Кичево Охрид да не почнувам, цел тунел промашен и плус по планот требаше да ја рушиме пречистителната станица во Кичево и Кичево да остане без вода за пиење…

Мактел: Ај да расчистиме, колку патишта се изградени, колку се реновирани, колку се реставрирани и што всушност значи реновирање и реставрирање на пат, само лепење дупки?

Китанов: Ма какви дупки лепење тоа е одржување на пат, реновирање е кога се тргаат два слоја асфалт и се става нов асвалт, а реставрирање е кога освен реновирање се врши и проширување на патот било за една лента било за проширување на широчината меѓу лентите итн…

Мактел: И кои се бројките, едни викаат 750 километра, едни викаат 500 километра?

Китанов: Точните бројки не се така округли, еве ќе ви кажам, реновирани и реставрирани се 780 километри регионални, експресни и автопатски патишта во земјава. Се градат автопатски, експресни и регионални патишта околу 500 километра и наскоро ќе почнеме да ги пуштаме еден по еден, за една недела се спремам да пуштам еден од тие проекти кои се градат во земјава.

Мактел: А локалните патишта спаѓаат ли во овие бројки?

Китанов: Ние не градиме локални патишта и тие не влегуваат во овие бројки, тие ги градат општините и треба да се види колку се тие, сигурен сум дека се многу повеќе затоа што тука спаѓаат сите мали улички низ градовите а овој период многу се градеше во македонските општини тоа го гледам во медиумите а и сум запознаен затоа што сум во тој сектор па добивам информации што се прави во општините.

Мактел: Епа опозицијата го користи фактот дека бројките се големи а од друга страна не сте толку медиски нападни како они што беа па лесно е да лажат дека тие бројки се лажни и нема патишта.

Китанов: А самите они кога идат во Скопје возат по тие нови патишта а сепак лажат дека ги нема. Но еве ве поканувам дојдете и снимајте ги тие патишта, ќе ви дадеме листа и мапа по која треба да се движите и избројте ги километрите и објавете ги ако сакате да ја информирате јавноста, ние секој ден објавуваме слики и видеа на нашта фб страница на Државни патишта.

Мактел: Во ред, ја прифаќаме поканата.

Господинот Зоран Китанов ни испрати неколку фотки за изградени мостови во земјава: