ПО ПОРАЗОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ЈУВЕНТУС ГО ШУТНАА САРИ

0
926

Во Торино долго време се чека трофејот во Лигата на шампионите, пред две години дури го донесоа Кристијано Роналдо за да ја исполнат големата желба, но ниту овој пат не успеаја.

По вчерашниот меч, стигнаа бројни критики на адресата на Маурицио Сари, кој по елиминацијата во ЛШ наскоро ќе стане минато.

„Спорт Италија“ тврди дека челниците на клубот одлучиле да му врачат отказ, ова ќе биде потврдено во текот на следните денови, кога ќе биде познат и неговиот наследник. Списокот се скрати на едно име, прва желба е Маурицио Покетино.

Неофицијално, италијанскиот тим веќе го контактирал некогашниот тренер на Тотенхем, како што стојат работите тој ќе седне на клупата на „Старата дама“.