Тастерите на Грујо во Собранието го одбија предлог Законот за помилување поднесен од опозицијата

0
1099
Пратениците на власта го одбија предлог законот за помилување кој го поднесе опозицијата и покрај тоа што тие претходно велеа дека се против помилување на сторители на тешки кривични дела.
Пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека доколку сите претходни изјави дека законот од 2009 година бил добар, тие ќе ги изгласаат измените.
Сепак, тие без какво било образложение гласаа против измените. За измените во законот за помилување гласаа 30 пратеници, додека 55 беа против.