ПОЧИВАЛЕЦ : СДС ВЕТУВАА МНОГУ ЗА СПОРТОТ, А НЕМА НИТУ ЕДЕН СПОРТСКИ ТЕРЕН, И НИТУ ЕДЕН ДЕНАР ЗА ОБНОВА НА СПОРТСКИТЕ САЛИ ВО РАДОВИШ

0
283

Пресконференција на Љупче Почивалец, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

Почитувани граѓани,

Никогаш не било полошо во Македонија, СДС во Радовиш не ги интересира ни образовната, ни социјалната, ни културната, ниту пак спортската инфраструктура.

Иако од централната власт ветуваа многу за спортот, не видовме ниту еден спортски терен, ниту еден денар за обнова на спортските сали во Радовиш.

Пробавме да им објасниме дека општина Радовиш има сериозен проблем со недостаток на терени, што претставува огромна пречка за работата и вложување во младите спортисти.

Дури и по две ипол години готов проект за реконструкција на помошното игралиште во Раклиш, тој уште не е ставен во годишната Програма на владата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура.

Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсоски ветуваа брда и планини за спортот во Радовиш, не дадоа ни динар, а камо ли нешто посериозно за спортските објекти за децата.

Спортот во Радовиш за нив е мисловна именка.

Нив им беа важни само провизиите од нивните фирми изведувачи и не е битно каде ќе се инвестира.

Затоа овие кадри и оваа влада треба да си замине во историјата.

Време е за избор – хаос или ред.

Важно од се е сега да ги поразиме и никогаш повеќе да не ни се повтори оваа зло.

Да ја вратиме државата на вистинскиот пат.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!