ОЧЕКУВАНО НЕ ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

0
861

Не успеа интерпелацијата во Собрание за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На седницата “за” гласаа 11 пратеници, 60 беа “против”, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа. Вкупно гласаа 71 пратеник. Пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја поднесоа интерпелацијата.

Одговорност од Спасовски за бегството на екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, но и за случаите со издавањето македонски пасоши на меѓународни криминалци и за лицата со двојни матични броеви побараа пратениците од опозициските партии на Албанците. Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека интерпелацијата е беспредметна и дека Спасовски добро ја извршува фунцијата.