ДЕРЕМЕНЏИЕВ : НЕ СМЕ ДОЈДЕНИ ДА ПРАВИМЕ ПРОВОКАЦИИ!

0
464

Иван Деременџиев, бугарскиот министер за внатрешни работи, положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Тој во изјава за медиумите рече дека бугарските жители не се дојдени во Скопје да прават провокации.

-Не сме дојдени да правиме провокации. Ние нема со кој да се разделиме. Соседи сме и треба да имаме добри односи и нашите народи треба да се зближени. Јасно е дека Северна Македонија е самостојна држава и немам намера да одговарам на провокации дека Македонија била бугарска – рече Дерменџиев.