Коалиција за Промени и Правда: Остануваме отворени за соработка на принципиелни основи

0
1210

„Коалицијата за Промени и Правда (ДС, ФРОДЕМ, МОРО РП И ДЕМОС) како врвни два приоритети во својата платформа ги афирмира:

1. Политичка и кривично-правна одговорност за сите што со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри и

2. Воспоставување на уставни механизми и гаранции дека никогаш повеќе во иднина нема да гледаме црно-бела политичка слика како да го спречиме повторното воспоставување на ваква авторитарна власт. Оттаму беше и нашата намера и желба да ја окрупните нашата коалиција со политички партии и останати субјекти кои ги подржуваат овие наведени принципи.

Откако се убедивме дека наместо овие принципи на површина излегуваат лукартивните лични интереси, суети и сценарија за расцепкување на центро десничаркиот трет блок и формирање на нов четврт блок, сметаме дека е подобро нашата сила и енергија во пресрет на претстојните избори да ја потрошиме на промоција на нашите ставови и принципи отколку на јалови и неискрени преговори кои имаат други интереси и цели.

Коалицијата за Промени и Правда останува отворена за соработка со сите опозициони партии кои ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт“, се вели во соопштението на Коалицијата за Промени и Правда.