ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО, БОМБА НА А1ОН, ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА : ДЕН ДОНЧЕВ ЌЕ БИДЕ ПРВ ВМРОВЕЦ ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ПОСТАВЕН НА ЗНАЧАЈНА ПОЗИЦИЈА!

0
4456

Ден Дончев е најблиску да стане нов директор на Фондот за здравствено осигурување, дознава А1он. Од сите кандидати тој најдобро поминува кај раководството на СДСМ за прв човек на една од најбогатите државни институции која се уште ја раководи кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Стефановски, но сепак останува одлуката да се донесе во Влада.

Дончев е присутен во земјава пред секои избори, а најголем дел од времето во последниве години го помина во Австралија каде и што живее. Последен пат се појави како кандидат на коалицијата “ВМРО за Македонија“ во првата изборна единица кога беше и шеф на изборниот штаб на коалицијата.

Дончев беше клучниот сведок на одбраната на Зоран Заев, за кој судот не дозволи да сведочи, иако неговиот глас беше препознаен на снимката како посредник помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини. Адвокатот на Никола Груевски тогаш се противеше да сведочи со образложение дека тој е само човек кој потекнува од истото село со лидерот на СДСМ и во минатото „имал некаква партиска функција“.

Заев во судницат обзнани дека токму Ден Дончев му ја дал снимката од разговорот што Заев ја објави и дека истиот човек му дал и трансакции за продажбата на банката и му потврдил дека она што било договарано на аудиоснимката и се реализирало.

Дончев беше и директор на Македонски Телеком до 2001 година, а беше и поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор : А1он