ПОРТПАРОЛОТ НА КОМИЗИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ : ТРУДНИЦИТЕ ДА ЈА СФАТАТ РАБОТАТА СЕРИОЗНО И ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

0
733

Портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, вечерва во емисијата 24 анализа рече дека Комисијата при носењето на заклучоците се водела по научно заснованите докази.

– Бремените жени како приоритет треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата за да го заштитат своето здравје, зошто бременоста е дополнителен ризик. Релевантните институции препорачуваат да има вакцинација особено на бремените жени да се превенира нивното здравје. Треба да се минимизира разикот на работното место за бремените и да бидат максимално заштитени. Од тој аспект беше разгледувано за воведување на ваквата мерка, но тоа не е дефинитивна одлука, туку препорака до министерот за здравство. – рече Мехмедовиќ.