МЕГАРОН ИНЖЕНЕРИНГ : ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ Е ЗАГРОЗЕНА СТАБИЛНОСТА НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА И БЕЗБЕДНОСТА НА ЛУЃЕТО

0
559

Во врска со наводите кои се изнесени од страна на градоначалничката на Град Скопје околу проектната документација за реализација на реконструкцијата на Универзална та Сала, сакаме да го кажеме следното:

  • Друштвото за проектирање и услуги Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје до Град Скопје достави понуда за донација на проект во 2021 година, која беше прифатена од Советот на Град Скопје.
  • Проектната документација беше поделена во две фази на барање на Град Скопје и тоа Фаза 1: Реконструкција на фасадна обвивка и кровен покривач и Фаза 2: Изработка на Основен Проект за сите останати техничко-технолошки фази и ентериер.
  • Фазата 1 се предаде на Град Скопје заедно со Стручна Ревизија на проектната документација и со позитивно мислење од страна на ИЗИИС и таква доби Решение за Адаптација од Општина Центар.
  • Мегарон Инженеринг изработи ревидиран проект за челичната конструкција откако на лице место се утврдија неправилности на постојните темели и плочи и откако се утврди потреба од нови конструктивни елементи. Таквиот ревидиран проект е повторно пратен во ИЗИИС и повторно е добиено второ позитивно мислење. Сите позитивни мислења и ревизии на проектната документација се предадени во Град Скопје. Ваквите промени се очекувани при зафати на реконструкција на постојни објекти и се во обем кој во никој случај не ја загрозува стабилноста на објектот и безбедноста на луѓето.
  • Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје ја изработи и проектната документација од Фаза 2. за што градската администрација е известена.

Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје