ЈАКИМОВСКИ : МИЦКОСКИ ФУНКЦИОНИРА КАКО ПУТИН

0
2281

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ги продолжува обвинувањата кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако двете партии неделава официјално ја раскинаа коалицијата.

„Да кажува дека јас сум мртов човек и дека ми се броени деновите, да проверуваат дали ќе бидам осуден за тие да имаат в.д. градоначалник во општина Карпош, да држеле дистанца од мене итн. Па видете го човекот, тој сака или да умрам, или да бидам во затвор, или да ми направи преврт во партијата“, вели Стевчо Јакимовски во интервју за Макфакс“.

„Не се креативни, нема што да кажат и пак тоа за становите. Имаат проблеми со мене, но зошто имаат проблеми со Данела Арсовска во Град Скопје, зошто и таму не им одат работите како што треба?“, прашува Јакимовски.

Тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „функционира како Путин“.

„Кој е тој во цела Македонија да кажува што треба да се прави? Ај што е шпицен премиер, изигрува и шпицен градоначалник. Може секаде, но во Карпош не може да биде шпицен градоначалник“, оценува Јакимовски.