ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : ГРАД СКОПЈЕ СО НАГРАДА ОД 300.000 ДЕНАРИ ЗА ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ

0
646

По моја иницијатива и предлог, Град Скопје на нашиот олимписки медалец Дејан Георгиевски ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Инаку, Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан и поздравен од голем број наши граѓани. За потсетување, свечениот пречек ќе се одржи вечер во 19:30 часот на плоштадот Македонија каде заедно ќе го прославиме освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.