СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СИТЕ СОЦИЈАЛНИ КАТЕГОРИИ, ЗАЕВ: ПОДГОТВИВМЕ ЗАКОН ЗА СТЕЧАЈНИ РАБОТНИЦИ СО ПОМАЛКУ ОД 15 ГОДИНИ РАБОТЕН СТАЖ

0
1049

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој што верува дека Парламентот ќе го усвои.

Според Заев, законското решение опфаќа околу 1100 лица.

“Се работи за 140 000 денари. Државата веќе помага со 1 500 000 денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се’ за овие лица да земаат паричен надоместок” – потенцира Заев.

Тој потсети дека како Влада презеле обврска да им излезат во пресрет на околу 13 илјади лица, коишто работеле во државни претпријатија и пропаднале, а луѓето останале без работа.