Кире Наумов: Деновиве се испишува историја – А каде беше ти мамо/тато или бабо/дедо кога ова се случувало?

0
1420

Да, дааа!!! Се пишува историја. Поточно подоцна ќе се изнапише. Сега таа се слика и снима. Историја се фотографиите и видеоклиповите кои се создаваат деновиве. Низ Скопје и градовите.

Они??? Они ќе ја добијат заслужената казна. Тоа денес му е сосема јасно секому. Низ нормална, правна и демократска процедура. Но, знаете, сите бандити и криминални умови се секогаш подготвени на тој ризик, топтан сосем конфискацијата. „Нормалната“ казна таквите „објекти„  не ги плаши бидејќи во спротивно не би го правеле ова. Потешкото, за што треба да имаме сочувство, ним ќе им дојде подоцна. Да, дааа. Тогаш кога ќе мислат дека си го отслужиле својот грев.

Тогаш, кога најмалку ќе очекуваат, нивните деца или внуци, наивно ќе ги запрашаат: А каде беше ти мамо/тато или бабо/дедо кога ова се случувало? Сите деца ги покажуваат нивните а вас никаде неможам да ве видам!!! Следува молк. Дооолг молк. А потоа погубен и наивен детски заклучок: Зарем вие сте биле лошите???

Фејсбук статус на Кире Наумов