Горан Милевски : Денес, заедно со градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, во село Смилковци започнавме со решавање на голем комунален проблем, во ова населено место

0
1038

🏗 Денес, заедно со градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, во село Смилковци започнавме со решавање на голем комунален проблем, во ова населено место.

 Септичките јами ги заменуваме со нова модерна примарна и секундарна канализациона мрежа како и изградба на прочистителна станица.

 Водоводот во овие населени места се изградил во времето на Ристо Пенов и до денес, никој ништо не инвестирал во комуналната инфраструктура.

🇲🇰 🇽🇰 🇪🇺 Благодарение на активноста и инвентивноста на градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски а со поддршка на Министерството за локална самоуправа, преку проектот за меѓугранична соработка на С. Македонија 🇲🇰 и Косово 🇽🇰 се обезбедија 1️⃣3️⃣4️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ евра за изградба на примарната канализациона мрежа.

 Прочистителната станица и секундарната канализација ќе се изградат со веќе обезбедени средства од Светска банка и буџетот на Општина Гази Баба.

♻️ Со проектот се заштитува животната средина и се спречува мешањето на подземните води и фекалиите со што се заштитува и здравјето на граѓаните.

Фејсбук статус на министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски.