ПЕНДИКОВ СЕ ПОЈАВИ НА БУГАРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА : ВО МАКЕДОНИЈА Е НОРМАЛНО ДА ТЕ ТЕПААТ, ПЦУЈАТ, СТРЕЛААТ ЗАШТО СИ БУГАРИН

0
676

Христијан Пендиков во прво интервју за бугарската телевизија БТВ раскажа за нападот во Охрид и како и тој самиот не ги поднесувал Бугарите кога бил помлад и како пред неколку години се разбудил и станал македонски Бугарин.
– Бев во ресторан со моите пријателки. Дојдоа двајца-тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Зошто се нареков Бугарин, дека сум предавник? И такви работи“, се сеќава тој.

– Потоа излегов од ресторанот, да му се јавам на Томе, да му кажам што се случило. Претседателот на клубот, а потоа Илија излезе и ми го зеде телефонот. Ми рече – „Влези внатре и биди смирен за да нема проблеми“. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Одев сам до паркингот да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се се случи, рече Пендиков.Според него, тепачката траела најмалку 10 минути и додаде дека имало тројца напаѓачи.

– За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, пцујат, стрелаат затоа што си Бугарин. Полицијата не треба ништо да прави, вели секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.
-За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив, коментира тој.