СЕЛЕКЦИЈАТА НА ХРВАТСКА ГО ОСВОИ „ДЕ КУЈП“ И СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА НАЦИИ

0
672

Хрватската фудбалска репрезентација под водство на Златко Далиќ повторно покажа дека е една од најсериозните на големите натпреварувања, откако се вратија за 4:2 победа над Холандија по продолженија во Ротердам за пласман во финалето на Лигата на нации.

„Коцкестите“ сега ќе го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Италија и Шпанија за шанса за титула во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, по третото место на Светското првенство во Катар минатата година и финалето на СП во Русија пред пет години.

Домаќините, во првиот вистински тест под новиот селектор Роналд Куман, имаа подобро прво полувреме и во 34. минута ја искористија лошата реакција на хрватската одбрана, за Донјел Мален да го совлада Доминик Ливаковиќ.

Во второто полувреме, иницијативата беше кај Хрватите, кои во 55. минута од мечот израмнија, откако Лука Модриќ изнуди пенал, а Андреј Крамариќ не згреши од белата точка. Во 73. минута, тие направија целосен пресврт со голот на Марио Пашалиќ за да дојдат на чекор до големото финале, но Холанѓаните успеаја да израмнат во 96. минута преку Ноа Ланг за продолженија.

Хрватска повторно дојде во водство, овојпат преку Бруно Петковиќ по само три минути во продолженијата, за потоа во 116. минута, Тајрел Маласија да го фаулира Петковиќ во шестнаесетникот за уште еден пенал, за овојпат Модриќ да зголеми на 2:4 и да ги „дотолчи“ Холанѓаните.

Извор : ТопСпорт