(ФОТО + ВИДЕО) Докторот се пофали пред ПРИЛЕПЧАНИ со ново комунално возило за собирање и транспорт на рециклирачки отпад за прилепски „Комуналец“

0
1126

Со финансиска помош на ЕУ, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп набави ново комунално возило со капацитет од 7+1 м3, чија вредност без ДДВ изнесува 61.494 евра.

Со оглед на застарениот возен парк и на тоа што јавното претпријатие последен пат набавило ново возило пред десетина години, комуналното возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата.

Градоначалникот Илија Јованоски напомена дека, покрај набавката на возилото кое во многу ќе ја олесни работата на прилепските „комуналци“, а ќе биде од полза и на граѓаните, во рамките на проектот „БИО – РЕАЛ“, ЈКП „Комуналец“ ќе добие и автоматска континуална преса од 50 тони.