МИЦКОСКИ ЗА СКАНДАЛОТ ВО М-НАВ : ПАРТИСКИТЕ СУДСТВО И ОБВИНИТЕЛСТВО ОВОЈ СЛУЧАЈ ГО ПОМИНАА КАКО НЕКОЈ ДА ПОЗАЈМИЛ ДЕСЕТИНА ЌЕБАПЧИЊА, ТРЕБА ВЕДНАШ ДА БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ И КАЗНЕТИ

0
320

Замислете што би се случило кога ваква би рекол бандитска група би упаднала на аеродромот во Вашингтон или на аеродромот во Париз или на аеродромот во Берлин. Или сега би биле уапсени, или би биле ликвидирани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со упадот на Македонска навигација.

Мицкоски посочи дека секој ден во Новата година има по некој скандал.

„Секој ден имате по еден скандал кој кулминираше со ова дивеење на онаа бандитска криминална група која упадна во просториите на Македонска навигација. И она партиско октроирано обвинителство и судство кое тоа го помина како небаре да станува збор за некој кој позајмил десетина ќебапи од ќебапчилница“, вели Мицкоски.

Според него овие скандали кои се случуваат укажуваат дека се потребни промени.

„Жалосно и трагично е ова што се случува. И затоа ни се потребни промени да не ни се случуваат вакви бандити, односно ако се случат веднаш да бидат санкционирани и казнети“, кажа Мицкоски.