МИЦКОСКИ : НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ДЕНЕСКА ГО СЛАВАТ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ, ИМ ГО ЧЕСТИТАМ БОЖИЌ И ИМ ПОСАКУВАМ НИВ И НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА, А ПОТОА МУДРОСТ И ТРПЕНИЕ

0
252

Почитувани,

Ќе ми дозволите на сите оние кои денеска го слават Христовото раѓање да им посакам и честитам Божик, на нив и на нивните семејства пред се здравје и среќа, а потоа многу мудрост и трпение.

А и на сите граѓани им честитам сето она кое сакаат да им се оствари, да им се оствари и им ги честитам овие празнични денови, новогодишните празници и во мир и благосостојба да ги поминат.

Бидејќи во периодот кој следи не очекуваат големи предизвици и за граѓаните и за државата, година на промени, а годината на промени ќе одбележи и големи поместувања кои ќе значат прогрес, благосостојба, успех за сите оние кои тоа го посакуваат, а нема граѓани кои тоа не го посакуваат.

Уште еднаш на православните христијани кои денес го слават Христовото раѓање Божик да им го честитам овој ден, а на сите граѓани да им ги честитам новогодишните празници, да им посакам здравје, среќа, мудрост, трпение за нив и нивните семејства.