ЕКСКЛУЗИВНО: АНАЛИЗАТА НА БИХАЧКА ПОКАЖАЛА ДЕКА 100 000 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ НЕ ИСКОЧИЛЕ ВО ПРВ КРУГ ОТИ САКАЛЕ ДА ИСКАЖАТ РЕВОЛТ НО ВЕТИЛЕ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗАТ ВО ВТОР КРУГ?!?!

0
1631

Мактел од извори на Бихачка дознава дека околу 100 000 членови и симпатизери на СДСМ не искочиле во прв круг од многу причини, но ветиле дека ќе излезат во втор круг, особено отккога добиле ветување дека ќе игра метлата на локално и централно ниво!

Некои од тие што не искочиле било затоа што мислеле дека нема потреба и дека Сиљановска ќе биде прегазена, некои палк мислеле дека не е толку битно во прв круг колку што е битно во втор круг да се гласа?!

Но сепак најголем број од тие што не излегле да гласаат биле лути што не можеле да ги добијат на телефон локалните првенци на СДСМ низ градовите. Ова особено откако премиерот Заев се пофали дека лично одговара на 5000 пораки дневно, па членството се налутило кога не можеле со денови да ги добијат градоначалниците и директорите на локалните јавни преторијатија.

Многу од членството немало трпение да чека вработување, им се ветувало дека ќе им биде решен проблемот со приватни или државни фирми, но трпението им откажало, на што сепак добиле ветување дека ќе се направи се што е во рамките на законот и можностите да им се помогне.

Аналитиката на СДСМ очекува во вториот круг Стево Пендаровски да добие 100 000 повеќе гласови од Македонците и уште 50 000 повеќе гласови од Албанците, што му дава шанса да се доближи до бројката од 500 000 гласови што многумина го очекуваа и во првиот круг.

Извор : Мактел.Мк