СУДИКАТА КАЦАРСКА Е ПОГОЛЕМА МАДАФАКА И ОД ФАТИМЕ ФЕТАИ: Ги испартали како партали сите 40 адвокати на обвинетите од 27-ми април и ги казни со по 1000е затоа што се жалеа дека столчињата им биле тврди

0
2137

Судијката Добрила Кацарска ги казни со по илјада евра 50-темина адвокати кои ги застапуваат 33-цата обвинети терористичко загрозување уставниот поредок и безбедноста за време на организираниот напад во Собранието. На денешното судење, таа пиша казна во име на Основниот суд Скопје 1 во износ од околу 50 илјади евра и ги отстрани практично сите бранители надвор од судницата.

Тие демонстративно излегоа пред судот и во групна изјава ја обвинија Кацарска за кршење на правата на обвинетите, како и на нивните права како адвокати, заканувајќи се дека ќе преземат мерки за оваа нејзина постапка.

На нивно место, Кацарска одредила да бидат ангажирани адвокати по службена должност. Казната важи само за денеска. Според објаснувањето на Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите, Кацарска ги казнила во моментот кога тие се побуниле дека немаат услови за работа во старата зграда на Кривичниот суд, откако беа преместени од големата сала во новата зграда на судот поради технички причини, т.е. поради неможноста да се мутира добро гласот на загрозениот сведок.

Според Давидовиќ, Кацарска ги казнила поради попречување на текот на судскиот процес, што според нив не било попречување, туку поплаки дека не може да работат стоечки и не може да фаќаат белешки на колена.

Засега не е позната верзијата на Кацарска, а сè уште за 50-тината казни од по илјада евра за сите адвокати не се изјаснил официјално Основниот суд Скопје 1.

Во моментов е пауза, за да се најдат адвокати по службена должност за обвинетите.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека во судницата во старата зграда на Кривичниот суд бил сослушуван загрозен сведок за обемниот предмет Диво насеље и никогаш немало жалби и поплаки од адвокатите за условите за работа во судницата.

Видео – Макфакс