ПЕНДАРОВСКИ : ОДЛУКАТА ДАЛИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ВТОР МАНДАТ ЌЕ ЈА ДОНЕСАМ ВО ВТОРА ПОЛОВИНА НА ФЕВРУАРИ

0
256

Претседателот Стево Пендаровски најави дека одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат ќе ја донесе најдоцна во втората половина од следниот месец. -Реков пред неколку месеци дека одлуката во таа насока ќе се носи јануари – февруари. Вториот  круг на претседателски избори е на 8 мај, првиот е на 24 април, значи имаме уште добри четири месеци до тоа. Кандидатурите на сите поголеми политички партии веројатно ќе бидат обзнанети на почетокот на март. Што се однесува до мене, јас мојата одлука ќе ја донесам максимум во втората половина од февруари, рече вечерва Пендаровски во гостувањето на ТВ Сител, на прашање дали ќе оди на втор мандат на претстојните претседателски избори.Прашан „дали стравува од ДУИ и колку е важна нивната поддршка за него, претседателот наведе дека не стравува од ниту една партија.

-Не. Се додека имам поддршката од граѓаните во еден солиден број, не стравувам од ниту еден политички субјект. И затоа немам потреба никому да се додворувам, во таа смисла, рече шефот на државата.Пендаровски коментираше и за анкетите во однос на потенцијалните кандидати од власта, но и од опозицијата, наведувајќи дека неговиот рејтинг не е битно променет во изминатите четири години

-За тоа како ја вршите вашата работа, анкетите се нужни и во целиот мандатен период, а не само сега дали ќе одиме или не на избори. Битно ми е што граѓаните мислат воопшто за мене, но јас имам принцип, кој сум го кажал на почетокот, не сакам да давам пари од буџетот за да правама анкети и да ги прашам луѓето како се задоволни од тоа како јас работам, меѓутоа има анкети, има фирми кои тоа го работат, други се нарачателите. Имам увид, и тоа го знам што луѓето мислат за мене, и се разбира знам што луѓето мислат за евентуалните противкандидати или што мислат за носечките политички партии во Македонија…Јас сум го кажал и порано, не е ексклузива, мојот рејтинг, не е битно променет во изминатите четири години, личниот персоналниот рејтинг. Кога сте на мандат е добро, ако не одите надолу, оти по дефиниција во светот, секаде, мандадтот ве троши…Ако не изгубите од вашиот рејтинг во изминатите чретири и пол, пет години, не е лоша работа, вели Пендаровски.